Според шефот на набљудувачката мисија

ОДИХР: Изборите натпреварувачки и слободни, но е очигледна потребата од изборни реформи

Локалните избори беа со натпреварувачки дух, со почитување на основните слободи, но е видлива потребата од реформи во изборното законодавство, оцени шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР Тана де Зулуета. Според неа, правната стабилност била нарушена поради правни празнини и скорешни измени во изборното законодавство, додека пак, големите партии имаат системска предност со распределбата на јавните ресурси и низ медиумите.

Зулуета рече дека набљудувачите позитивно ги оценуваат изборите, но дека лоцирале проблеми со новите уреди за отпечаток од прст на гласачите. Според ОДИХР, не постоела добра организација на спроведувањето на изборите, но и дека тоа не ги сменило изборните резултати.

„Главните парламентарни партии имаат системски предности во распределувањето на ресурсите, меѓу другото и за медиумите. Бројот на потписи потребни за независни кандидати пак, го отежнува влегувањето на нови кандидати и не ги почитува добрите меѓународни пракси", оцени таа.

Кампањата била мирна, но жените во неа не биле добро застапени, ниту пак биле доволно застапени во реториката на партиските натпреварувачи.

„Повеќето одбори ги надминаа проблемите со новите уреди колку што можеа најдобро. Набљудувачите забележаа проблеми со тајноста на гласањето и често пати имаше групно, семејно гласање, што негативно влијаеше на учеството на жените. Постоеја и случаи на мешање во броењето и сите проблеми беа предизвикани од претставници на кандидатите", рече Зулуета.

Според набљудувачите на ОДИХР, кампањата била мирна, но жените во неа не биле доволно застапени, а проблемите со родовата еднаквост отсутни од говорите на партиските претставници.

„Жените беа застапени со околу 45 проценти меѓу кандидатите за советници иако имаше носители на листи, но само 8 проценти од кандидатите за градоначалници беа жени, или во бројки, 25 жени од 312 кандидати“, нагласи Зулуета.

Според ОДИХР, немало доволно истраги за случаите на изборно заплашување и одвраќање на кандидатите од изборите. 

Што се однесува до правните празнини и  нејаснотии, како и менување на одредби од изборното законодавство ОДИХР констатира:

„На 15-ти септември парламентот усвои неколку амандмани на Изборниот законик поврзани со овие избори без јавна дебата и без консултација со клучните засегнати страни. Тоа се коси со добрата меѓународна практика. Овие амандмани делумно одговорија на некои препораки од претходно, меѓутоа некои се сѐ уште неодговорени. Амандманите имаа широка поддршка од политичарите, но посеопфатен процес е неопходен и понатаму", истакна Зулуета.

ОДИХР забележа дека законодавството за решавање изборни спорови содржи многу нејаснотии.

„Новите рокови согласно новите амандмани во Изборниот законик предизвикаа уште поголема несигурност. Можноста за гласачите да поднесат жалби е ограничена на избирачките списоци и индивидуалните права на гласање. Забележавме дека не сите одлуки по однос на жалбите за изборите беа објавени".

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ.изборите ги следеше со 16 експерти во Скопје и вкупно 169 набљудувачи од 29 држави.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе