Од загинатите официјално 16 се од општина Чаир, но бројот е поголем, вели градоначалникот Ганиу

Во трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Бугарија официјално 16 од загинатите се од општина Чаир, но нивниот број веројатно е поголем бидејќи има лица кои живееле во Чаир, а имале адреси во други општини, вели градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

„Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам дека Општина Чаир е отворена во секое време и за секаква помош”, изјави Ганиу за ТВ21.

Тој најави дека утре во 10 часот ќе има седница во Општината во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за да се помогне на настраданите семејства.

„Со документи ги идентификувавме, значи дека со адреса во пасошот во Чаир се 16. Но, бројката е поголема затоа што имаме сограѓани кои живеат во Чаир, но адресите ги имаат во Општина Гази Баба, Студеничани и други општини”, рече Ганиу.

 

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе