Од Виена и Базел пристигнуваат 360 граѓани, веднаш одат во карантин во Струга, Попова Шапка, Маврово и Банско

Со организираните хуманитарни авионски летови од Виена и Базел денеска се очекува во земјава да пристигнат вкупно 360 македонски државјани кои потоа со автобуси ќе бидат префрлено до утврдените хотели за државен карантин. Владата соопшти дека е подготвен безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани.

„За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите ‘Дрим‘ во Струга и ‘ЕСМ Славија‘ на Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин“, пишува во соопштението од Владата.

Согласно протоколите за државни карантини, 180 македонски граѓани кои вечер пристигнуваат со летот од Базел, пак, во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ – Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација.

Вчера од Германија со два лета беа вратени 354 македонски државјани. Синоќа 50 минути по полноќ авионот од Бон со 180 наши државјани слета на скопскиот аеродром, а претходно дента од Берлин со авион беа вратени 176 лица. Согласно протоколите за државни карантини, тие се упатени и сметсени во хотели каде ќе поминат 14 дена во изолација.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе