Шалтерите нема да работат

Од утре ќе штрајкува и Управата за водење на матични книги, бараат поголеми плати

Од утре на штрајк ќе излезат вработените во Управата за водење на матични книги. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите, а штрајкот ќе почне од 8 часот наутро. Независниот синдикат за водење на матични книги на Фејсбук напишаа дека се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд. Ова практично значи дека шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат. 

Според претседателот на Независниот синдикат на Управата за матични книги, Тони Милошески, оваа одлука следи откако, како што рече, им било ставено до знаење дека нема да бидат прифатени нивните барања.

Во Министерството за правда на наменскиот состанок за донесување на колективниот договор од страна на претставникот на Министерството јасно ни беше ставено до знаење дека предлогот колективен договор нема да биде усвоен, па токму ова е само една од причините за донесување на одлуката за генерален штрајк, рече Милошески на прес-конференција пред Владата.

Според него, колективниот договор е потребен како за вработените, така и за самата Управа.

„Вработените се соочуваат со одредени специфични работи кои треба дополнително да се уредат со колективниот договор. Носењето на овој договор е повеќе од потребен како и на вработените така и на самата Управа, бидејќи ќе се подобрат правата на вработените, а Управата ќе добие работници помотивирани за извршување на своите работни задачи“, рече Милошески.

Како едно од барањата тој го спомна и линеарното покачување на платите.

„Порастот на минималмната плата донесе до изедначување на платите кај вработените со најразлични статуси, ние како Синдикат сметаме дека треба да има линеарно покачување од причина што трошоците за живот во континуитет растат, а платите на вработените долги години наназад воопшто не се покачени, дури и одредени вработени земаат под минималната плата која е загарантирана со закон“, подвлече Милошески, потенцирајќи дека во Управата мора да се врши одговорно унапредување на вработените.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески, пак, порача надлежните да не дозволат да се случи истото што и со СОНК.

„Оваа проблематика веќе подолг период се одолговлекува и трепнието е при крај, имавме ние одредени разговори, но никој не ги сфаќа сериозно. Министерот за финансии буквално кажал „нема за вас пари". Спремни сме да разговараме за да не се случи истото што се случи со СОНК, ако некој чека да се почне со штрајк за да се преговара, тоа нека му служи на чест. Ние сме свесни за состојбата во која се наоѓа државава, но треба некој да го слуше гласот на работникот“, оцени Ристески.

Од Синдикатот изразија надеж дека заедно со Владата и Министерството ќе изнајдат заедничко решение во најкраток можен рок.

Од денеска на штрајк од 16 до 17 часот пред Собранието и Владата излегува и администрацијата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека бараат усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

„Aко денеска до 12 часот не се случи нешто, нема ветување за реализација на нашите барања, од 16 до 17 часот почнуваме со секојдневни протести“, вели претседателот на Конфедерацијата на слободнии синдикати (КСС) Благоја Ралповски. Минималната плата е зголемена, но и натаму во јавниот сектор има вработени чии месечни примања се под износот од 18 илјади денари, законски утврдена најниската плата.

По вчерашните преговори, можен е преки на штрајкот во образованието.

 

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе