Построги мерки за справување со ковид-19

Од среда забрана за движење од 16 до 5 во работни денови и целосна забрана во викенд

Владата донесе дополнителни мерки и ограничувања за справување со коронавирусот. Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите ќе важи од среда, 8 април, 2020 година, од 16 часот. Согласно одлуката на Владата, се забранува движење на сите граѓани на територија на цела држава од 16 до 05 часот во работни денови, и воведена е комплетна забрана за движење за време на викенд, односно полицискиот час ќе трае од 16 часот во петок до 05 часот во понеделник.

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 5 часот наредниот ден.

Дополнително, за лицата над 67-годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16 часот до 5 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител што е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамките на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните што вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено", се вели во владиното соопштение.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе