Oд денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата почнуваат активна блокада на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија од денеска почнуваат со активна блокада на Собранието која ќе трае сè до договорот за датум за предвремени парламентарни избори. За владеачката коалиција овој чекор е за политички цели, а доколку евентуално се одржи лидерска средба, според нив, таа треба да биде за прашања кои се стратешки и кои значат подобар живот на граѓаните, а не за предвремени избори.

Одлуката за блокада на Собранието беше потврдена на вчерашниот состанок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија. Блокадата, според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски подразбира „попречување на штетните закони и политики“.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 4 мај донесе заклучок да се пристапи кон активна блокада на работата на Собранието, и како што тогаш образложи потпретседателот на партијата Александар Николоски, таа подразбира блокада на сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата на СДСМ и ДУИ.

Вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека „ова е процес што ќе трае најверојатно до пад на оваа Влада и одржување предвремени избори. Подготвени сме да одиме до крај зашто можеме и мораме да ја осигураме иднината на граѓаните“.

„До 100 проценти се зголемени цените на основните продукти, за 70 проценти се зголемени цените на горивата, за 30 отсто е зголемена цената на струјата, за 15 проценти е зголемена цената на парното греење. Тоа е во поголем дел вина на СДСМ и лошото управување со државата заради криминал. Ако остане СДСМ на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции нема да има, сиромаштијата ќе расте, а криминалот ќе царува. Затоа предвремени парламентарни избори час поскоро“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села вчера изјави дека предвремени парламентарни избори треба да има во октомври доколку земјава не добие датум за преговори на Самитот на Европската Унија во јуни.

Пратениците на АА нема да се приклучат на активната блокада на Собранието, но Села смета дека власта нема легитимитет и кредибилитет да остане до редовните парламентарни избори во 2024 година.

Беса веќе одлучи да се приклучи кон активностите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе