Локални избори

Од денеска увид во Избирачкиот список, партиите објавуваат кандидати, се собираат потписи за независни листи

Од денеска до 9 септември ќе трае јавниот увид во Избирачкиот список за локалните изборите, а граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК, на страната на Избирачкиот список, или во нивните канцеларии и подрачни единици.

До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Инаку, од 16 август, кога започна собирањето потписи за независни листи до вчера се собрани потписи за четири независни кандидатски листи, а рокот истекува на 30 август во 24 часот.

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија се собрани потписи за листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева – Андреевска, советничката листа за општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за општина Кочани со носителот Аки Акиев.

Собирањето потписи продолжува за Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје, за Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош, Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола, Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица, Сенат Усеиноски, кандидат за градоначалник на општина Охрид и за Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе.

Потписи се собираат и за советничките листи за општина Могила, со носителот Борче Бучиновски, за Сејдо Селиов и листа на кандидати за членови на совет на општина Виница, за советничката листа за општина Чешиново-Облешево со носителот Франческо Наоков.

Граѓаните можат да ја дадат својата поддршка и за Милош Стаменковиќ и листа на кандидати за членови на совет на општина Куманово, за советничката листа за општина Охрид со носителот Арбен Демироски, за советничката листа за општина Охрид со носителот Антонио Наумовски и советничката листа за Охрид со носителот  Стевче Стевоски.

Поддршка за учество на претстојните локални избори граѓаните можат да им дадат и на советничката листа за општина Свети Николе со носителот Ристе Андонов, советничката листа за општина Велес со носителот Гарп Немиш, советничката листа за општина Гази Баба и носителот Дејан Димитровски, за советничката листа за општина Карпош и носителот Невена Горгиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Карпош и за Драгана Велковска и листата на кандидати за членови на Совет на Град Скопје.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот.

И ДИК ги интензивира подготовките за изборите, а на последната седница се донесени неколку нови упатства за изборите и програми за едукација. На 25 август се очекува да пристигнат првите 250 апарати за вчитување на отисоци од прсти и системот што ќе се употребуваат првпат на овие локални избори во земјава Македонија.

Во меѓувреме, партиите постепено ги објавуваат кандидатите за градоначалници и носители на советничките листи. Владејачката СДСМ и коалицијата најавија дека најдоцна до 24 август (вторник) ќе објават дел од кандидатите за градоначалници.

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, меѓу другото, за Куманово каде партијата ќе ја претставува актерот Тони Михајловски, за скопската општина Ѓорче Петров доктор Александар Стојковски, за Бутел Дарко Костовски, за општина Македонски Брод е Жарко Ристески, за Свети Николе е Дејан Владев…

ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива, исто така најавија соработка на локалните избори.

ЛДП и ДОМ за прв кандидат за градоначалник го најавија бизнисменот Виктор Петков.

Кандидатските листи за локалните избори треба да бидат поднесени до Општинските изборни комисии најдоцна до 11 септември на полноќ, а треба да бидат потврдени најдоцна до 18 септември од ОИК и огласени.

Изборната кампања за првиот круг започнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе