Родова (не)еднаквост

Од 298 кандидати за градоначалници само 26 се жени

Од вкупно 298 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори само 26, односно 8,72 проценти се жени, а 272 или 91,28 се мажи, покажуваат статистичките податоци за поднесените кандидатски листи што ги објави Државната изборна комисија (ДИК).

 

Во Град Скопје и скопските општини најмногу кандидатки за градоначалничката функција има во Кисела Вода, каде што од 6 кандидати 4 се жени, а за градоначалник во Карпош, Бутел, Ѓорче Петров, Чаир, Шуто Оризари и во Сарај партиите не кандидирале ниту една жена.

Жени кандидати за градоначалници нема во повеќето општини низ државата, вклучувајќи ги и поголемите градови. Партиите на кандидирале ниту една жена во Охрид, Струга, Битола, Гевгелија, Прилеп, Кичево, Велес, Струмица, Штип, Кавадарци, Крива Паланка, потоа Лозово, Илинден, Долнени, Врапчиште...

Според возраста, пак, најмногу од кандидатите, 92, се во групата од 36 до 45 години, 89 има во старосната група од 46 до 55 години, 65 во групата од 55 до 65, 42 кандидати се во групата од 27 до 35, 7 се на возраст над 66 години и 3 на возраст од 21 до 26 години. Најмногу од кандидатите за градоначалници се 39-годишни, вкупно 14, а најстариот кандидат има 66 години.

Во однос на родовата еднаквост, подобра е состојбата со поднесените листи за општинските совети. На овие листи има 4.750 жени што е 45,01 отсто и 5.800 мажи, односно 54,99 отсто од кандидатите за советници.

Најголемиот дел од кандидатите за советници се на возраст од 27 до 35 години -  2.700, од 36 до 45 години има 2.490 кандидати, од 46 до 55 години имаат 1.770 кандидати, од 21 до 26 години имаат 1.430 кандидати, во возрасната група од 56 до 65 се 1.160, над 66 години имаат 516 кандидати, а во старосната група од 18 до 20 години се најдоа 477 кандидати за советници.

Во вкупниот број од 10.550 кандидати за општински советници има и шестмина на 80 години.

Ж.П.Б.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе