Обвинители на СЈО влегле во РЕК Битола и во битолската млекарница

Истражители и обвинители на Специјалното јавно обвинителство од денеска повторно се во  РЕК Битола, а екипа била присутна и во битолската млекарница како дел од некои предистражни постапки. Од СЈО не даваат никакви информации за присуството на нивни вработени во Битола.

Истражители на СЈО во РЕК Битола беа и лани во октомври. Од Електрани Македонија, компанијата која стопанисува со РЕК Битола, тогаш соопштија дека во целост соработуваат со сите барања на екипите на СЈО.

Во дел од објавените прислушувани разговори имаше разговори меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски за тендери за РЕК Битола.

Екипа на СЈО денеска влегла и во битолската млекарница.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе