За Извештајот на Европската комисија

Нуредини: Подготвени сме да се донесе законот за климатска акција, но идејата е сите институции да бидат влучени

Ние сме подготвени да се донесе законот за климатска акција, но нашата идеја е сите институции во земјава да бидат влучени во неговото финализирање, со цел потоа истите да бидат подготвени за негова имплементација, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, коментирајќи го делот од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во однос на климатските промени.

Тој посочи дека не е суштината само да да се донесе одреден закон, туку е клучно тој да биде спроведен.

„Не станува збор за тоа дека не сме подготвени, но мене ми е важно како министер сите институции да го имплементираат тој закон, не само да носиме закони бидејќи ЕУ тоа го бара. Ние работиме за нашата држава и тоа е најважно, затоа треба да бидеме подготвени“, потенцираше Нуредини.

Министерот додаде дека очекува до крајот на годината законот за климатска акција да биде доставен во Влада, а за најкраток можен рок и во Собрание.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе