Новоименуваните амбасадори во Москва, Виена и Рим ќе ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика

Собраниската Комисија за надворешна политика  денеска ќе одржи продолжение на седницата на која тројца новоименувани амбасадори за Москва, Виена и Рим ќе ги претстават платформите за нивната дипломатска активност.

Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се претстават Ненад Колев, кој е именуван за амбасадор во Руската Федерација, Освит Росоклија во Република Австрија и Весел Мемеди во Република Италија.

На седницата на Комисијата завчера, своите тези ги претстави Слободан Узунов, новоименуваниот амбасадор за Индија.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе