Собрание

Новиот пратенички состав со помалку жени од претходниот, најмладата е 23-годишна, највозрасните се на 72 години

23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол, кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива е најмладата пратеничка во новиот собраниски состав и една од 43-те жени кои добија мандати на парламентарните избори. Иако партиите најавуваа родово порамноправен законодавен дом, овој пратенички состав има две жени помалку од претходниот состав и има 36 отсто женски пратеници.

Овие 36 отсто се на границата на законското ограничување според кое, на кандидатските листи мора да има една третина жени.

Што се однесува до возраста на пратениците, дури 16 од новите народни избраници се на возраст од 23 до 35 години. По Ќазими, најмладите се Бојан Стојаноски (28) од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Моника Зајкова (29) од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ и Јован Јаулески (29) од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Највозрасни пратеници се 72-годишните Стојан Миланов (ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата) и Илија Николовски (Коалиција „Можеме" предводена од СДСМ).

Инаку, просечната возраст на овој пратенички состав е 45 години.

Од стариот состав во новиот продолжуваат 28 пратеници, а тројца од нив, Али Ахмети, Мендух Тачи и Иван Стоилковиќ ќе го почнат нивниот седми пратенички мандат.

Но, овој пратенички состав во кој има 77 пратеници и 43 пратенички сигурно ќе претрпи измени бидејќи дел од пратениците сигурно ќе добијат функции во извршната власт, па на нивно место доаѓаат наредните кандидати од партиските листи.

 

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе