За одлуката на ДИК

Новаковски: Гласање се овозможува за тие што се затекнале на избирачко место во 19 часот, не и за тие надвор

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски вели дека одлуката на ДИК да ги повика избирачките одбори да им овозможат да гласаат на сите граѓани кои во 19 часот ќе се наоѓаат надвор или пред објектот каде што се гласа, може да биде проблематична и да придонесе за голем број на приговори што ќе го обременат завршувањето на изборниот процес. Ад-хок одлуки не се носат на денот на изборите, вели Новаковски.

„Законот е јасен, гласањето на едно избирачко место се продолжува за онолку време колку што траел прекинот на гласањето, тоа да не е подолго од три часа. Воедно, во 19 часот, до кога законот вели дека трае гласањето, треба да им се овозможи гласачкото право да го остварат оние граѓани кои се затекнале на гласачкото место. Конкретно, во 19 часот вратите се затвораат, остануваат внатре тие што се затекнале со цел да гласаат“, вели Новаковски коментирајќи ја одлуката на ДИК со која се повикани членовите на избирачките одбори да ги пуштаат на гласање сите граѓани кои се наоѓаат надвор, пред објектот каде што се гласа.

„Одлуката на ДИК да им се овозможи да гласаат на сите граѓани кои во 19 часот се наоѓаат пред објектот каде што се гласа, односно во дворот на објектот, треба да има силно оправдание бидејќи членовите на избирачкиот одбор не можат да знаат точно кои граѓани точно во тоа време биле надвор со цел да гласаат. И досега на сите избори им се овозможуваше да гласаат на оние кои во 19 часот веќе биле влезени за да гласаат, бидејќи во тоа време вратата треба да се затвори“, вели Новаковски во изјава за Телма.

Според него, со ваквата одлука може да се направи забуна бидејќи не е јасно до кога може да трае гласањето и тоа да доведе до голем број на приговори од учесниците на изборите во врска со гласачкиот процес.

„ДИК веројатно предвид ги имале проблемите со новата технологија, но вакви одлуки не се кажуваат на денот на изборите. Новата технологија требаше навремено да се истестира преку обуки, добра едукација и тест во пилот општини. Да се надеваме дека процесот ќе заврши успешно, дека ДИК ќе ги разреши проблемите, дека нема да има голем број на приговори и дека резултатите од изборите ќе бидат признати“, вели Новаковски.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе