Локални избори

Ногачески се жали дека негови гласачи во Дебрца биле изложени на притисоци и закани

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески, преку својот официјален профил на социјалните мрежи објави дека негови гласачи биле изложени на притисоци и закани во вториот круг да не гласаат за него.

„Ова е таа демократија што ја промовирате секојдневно? За ова се боревме? За ова го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори? Џабе Ви е сѐ. Граѓаните на Дебрца не се кршливи и плашливи луѓе“, пишува Ногачески охрабрувајќи ги граѓаните да не подлегнуваат на притисоците, повикувајќи ги да ги пријават обидите за поткуп за кои е предвидена соодветна кривична санкција.

Ногачески, потсетува дека согласно член 162 став 1 и 2 од Кривичниот законик, давањето и примањето поткуп во врска со остварувањето на избирачкото право е кривично дело за кое се изрекува казна од најмалку пет години.

„И немојте да мислите дека ќе Ве заштити некој. Ако сте заборавиле, нема вечна власт, секоја власт е менлива и минлива“, напиша Ногачески и повика „на 31 октомври заедно да ставиме печат на победата за Дебрца“.

Во Општина Дебрца во вторит круг за избор на градоначалник влегуваат Зоран Ногачески, како независен кандидат и Игор Крцоски, кандидат на СДСМ.

Според податоците на ДИК актуелниот градоначалник на Дебрца, сега независен кандидат Зоран Ногачески освоил 1.053 гласови или 36,96 % од вкупите гласови, а кандидатот на СДСМ Игор Крцоски освоил 979 гласа или 34,36% од гласовите. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Силјаноски освоил 734 гласови или 25,76 %.

Ногачески во претходниот мандат беше кандидат на СДСМ, но неговата партија не го кандидира за овие локални избори.

„Влеговме во вториот изборен круг и не само тоа, влеговме како најдобри. Борбата очекувано беше тешка и неизвесна. Навистина не е лесно да се бориш со противкандидати од две силни политички партии и да победиш. Голема благодарност до сите оние кои гласаа за мене, но и почит и кон сите кои се определија за двете други опции“, изјави Ногачески по првиот круг.

Во Дебрца во првиот круг гласале 2.849 гласачи од вкупно 4.350 избирачи.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе