ТИРАНА

Нишани: Албанија се грижи за Албанците во Македонија, Црна Гора, Прешевската Долина...

Без разлика на заедничката платформа на албанските партии која беше потпишана во Тирана, високите претставници на албанската држава одрекуваат дека на каков било начин се вмешале во внатрешните работи на Македонија.

Бујар Нишани

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, во интервјуто за емисијата „200“ на ТВ Алсат М објасни дека идејата за заедничка платформа дошла од партиите во Македонија, а Албанија се грижи за Албанците во Македонија, исто како што се грижи за Албанците во Црна Гора и Прешевската Долина.

„Иницијативата е од албанскиот фактор во Македонија за да ги информира релевантните фактори во Албанија. Нема никакво мешање бидејќи нема никакво иницирање на посебна иницијатива за начинот на кој Албанија треба да им каже на Албанците во Македонија како тие можат да ја изградат идната влада, како тие треба да одлучуваат во коалиции, како треба да одлучуваат при именувањето на луѓето кои ќе ги претставуваат“, изјави Бујар Нишани, претседател на Албанија.

Според министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, платформата се стреми кон подобар соживот меѓу Македонците, Албанците, но и другите малцинства во Македонија. Таа, вели министерот, дури нуди простор за повеќе слобода, еднаквост и демократија. Платформата, според Бушати е донесена врз основа на Охридскиот договор за чие почитување не може да се преговара.

„Албанската држава не е вмешана во внатрешните прашања на една земја и сосед како што е Македонија. Албанската држава, албанската влада, спроведе уставна обврска која е поврзана со одбраната и унапредувањето на правата на Албанците, без разлика каде живеат“, изјави Дитмир Бушати, министер за надворешни работи на Албанија.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски го осуди мешањето на странски премиери и претседатели во внатрешните работи на земјата. Тој ги опиша како „недостојни кои испраќаат лоши сигнали во регионот”.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе