Додека се изработува нов закон

Николовски: Низ стручна дебата ќе се решаваат дилемите за конфискација на имот

Драфт верзијата на законското решение за конфискација на имот, која предвидува одземање на имот вреден над 30 илјади евра за кој сопственикот нема докази за неговото потекло, има неколку дилеми кои треба да се расчистат преку дебата со стручни лица и институции од таа област. Вицепремиерот Љупчо Никоковски кој ја имаше формирано работната група за изработка на нов закон вели

Вицепремиерот Љупчо Николовски денеска изјави дека во моентов има неколку отворени прашања поврзани со изработката на законот за потекло на имот, но нагласи дека секако законот ќе овозможи да не може да се сокрие имотот и дека ќе мора да се докаже неговото потекло.

„Работната група работи на законскиот текст, по што ќе се отвори дебата во јавноста, со универзитетската публика, стручната јавност, со коморите и со сите засегнати страни, со цел што побргу да се донесе законот“.

Едно од прашањата кое се отворило било границата на износот над којшто треба да се проверува потеклото на имот, односно физибилити студијата направена со Советот на Европа кажувала за искуствата на останатите земји, но и за нашата правна рамка.

Во однос на надлежностите, според Николовски, првиот предлог бил формирање меѓуресорско тело на повеќе институции кое би било надлежно да ги проверува и собира сите информации и да ги иницира постапките, а државното правобранителство да ја застапува и води постапката пред граѓанските судови.

Вицепремиерот рече дека сегашниот став е финансиската полиција да ги иницира работите, а државното правобранителство да ги застапува судските постапки. Тој смета оти прашањето поврзано со типот на постапката е затворено, со што се избегнуваат и отсрануваат слабостите на моменталниот систем и на сите законски решенија што досега сме ги имале.

„Констатираме дека не функционира системот за конфискација на имот така како што сите очекуваме. На пример, во Србија, се отвора постапка доколку во последните три години сте оствариле над 150 илјади евра приход што не ви е одданочен или пак за имотот доколку немате објаснување за потеклото. Во Британија износот е 50 илјади фунти. Дискутиравме за прагот над кој треба да се проверува имотот и дефиниравме или да биде 30 илјади евра или два милиона денари, а за што нема соодветно собјаснување и докази“ вели Николовски

За овој закон во Стразбур разговарал министерот за правда Бојан Маричиќ, а законот ќе биде испратен во Венецијанската комисија.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе