По барањето на Црвенковски за отфрлање на ставовите на Заев

Николовски не кажува дали ќе се одржи седница на ЦО на СДСМ

На новинарското прашање дали ќе се свика Централен одбор на СДСМ каде, како што побара поранешниот лидер Црвенковски, ќе се расправа за ставовите на Заев изнесени во интервју за бугарската агенција БГНЕС, генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски не даде директен одговор, рече дека нема да каже ништо повеќе од тоа што е напишано во соопштението на СДСМ - „Оваа генерација има одговорност да ја внесе државата во структурите за коишто се бориме со децении, тоа се НАТО и ЕУ".

„Оваа генерација има одговорност да ја внесе државата во структурите за коишто се бориме со децении, тоа се НАТО и ЕУ", рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски како одговорот на прашањето дали ќе се свика Централен одбор по најавата на Бранко Црвенковски дека ќе го замрзне своето членство во партијата.

При одговорот на прашањето Николовски рече дека нема да додаде ниту да одземе нешто од соопштението на Центарот за комуникации на СДСМ.

„,Оваа генерација и заедно сите Влади и сите структури успеаја после децении со целокупна одговорност да носат храбри одлуки да станеме членка на НАТО. Имаме сериозна одговорност да ги придвижиме работите и да направиме сѐ што е во наша можност да се оствари првата меѓувладина конференција, да започнат долгоочекуваните преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, со потврда на македонски идентитет, во рамки на сите меѓународни институции. Така што државата се движи во тој правец", вели Николовски.

Според него, станува збор за „неповторливи години за нашата државност и за македонскиот народ". Тој рече дека се гордее што е дел од генерацијата политичари кои направија сѐ за остварување на стратегиските цели на државата.

Поранешниот долгогодишен лидер на СДСМ Бранко Црвенковски во четвртокот, во јавното обраќање до сопартијците оцени дека со изнесените ставови во поглед на македонскиот идентитет и јазик како и на историјата и на НОБ, Заев направил непоправлива штета врз политиката на СДСМ и на државата и побара расправа на Централниот одбор на партијата на која ќе се донесе заклучок дека ставовите на Заев не се став на СДСМ. Тој конкретно побара потоа Централниот одбор да се врати на старите позиции во поглед на државните и национални интереси.

„Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизирање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ", напиша Црвенковски во јавното обраќање до членството на партијата и најави дека дотогаш тој го замрзнува своето членство во СДСМ.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе