Љупчо Николовски не кажа дали останува на функција во новата Влада

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска не прецизираше дали ќе остане на функцијата и во новата Влада. Во изјава за медиумите, Николовски рече дека најважно е што државата останува на патот на евроинтегрирањето.

Целокупната енергија беше фокусирана на обезбедување на стабилно мнозинство, кое што, ќе ги продолжи клучните процеси, кои што се започнати, а тоа е брза трансформација на општеството, европеизација, односно сето она што го имаме преземено како обврска пред граѓаните. Да не се враќаме назад, туку државата да го заокружи процесот на почеток на преговорите и токму во тој наратив и дух е склучениот договор со Алтернатива и обезбедено стабилно и сигурно мнозинство, кое ќе ги продолжи овие процеси во следните две и пол години, изјави Николовски.

Како кабинет, посочи Николовски, се додека е на позицијата ќе прави притисок сите проекти и мерки за враќање на довербата на граѓаните во системот да бидат имплементирани.

„Со мнозинството, кое е обезбедено, навистина го осигуравме тој пат. Јас мислам дека тоа е побитно, од тоа дали некој ќе биде на некаква позиција. Во натамошниот период секако дека ќе се отворат и прашањата и за мандатар и тогаш ќе бидат отворени и прашањата за составот, структурата и за перформансот потребен во новата Влада и тогаш ќе разговараме со мандатарот за она што е потребно да продолжиме да го трансформираме општеството“, изјави Николовски.

Во однос на поразот на локалните избори, Николовски рече дека на локалните избори граѓаните бираат проекти и луѓе кои што се за општините, и дека пред само 11 месеци, како шеф на централен изборен штаб објабил голема победа на СДСМ и Коалицијата, која денеска е зголемена.

„Таа коалицијата денеска има зголемен број пратеници во Собранието и ќе продолжи во следните две и пол години без избори да го трансформира општеството, да носи европски вредности, да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат успесите постигнати во изминатите години. Само тоа е битно, ничија друга политичка кариера не е повеќе битна од тоа што треба да го одработиме за грѓаните“, изјави Николовски.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе