ВМРО-ДПМНЕ

Николовски: Да се објават тонските делови од снимките од средбите на Кичеец со Вице и на Заев со Јанева

Обвинителството ги штити Заеви. На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ беа прикажани снимки од ПИ мерките на МВР за следење на двајца обвинети во овој случај Зоран Милевски-Кичеец и Катица Јанева. Но, освен видео снимки од некои средби, во судницата не беа пуштени и тонските снимки. Бараме во судница во најкраток можен рок да бидат презентирани и тонските записи од тие снимки, изјави вечерва Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека не е случајно тоа што обвинителката Русковска денеска заборавила на тонските записи од средбите на Кичеец со Вице Заев, братот на тогашниот премиер Зоран Заев.

На информациите од судницата дека од следењето на Јанева се гледа како таа се упатува кон резиденцијата на претседателот, од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска информираа дека тој во резиденцијата е од октомври лани, а снимката била направена во август. Резиденцијата на претседателот е во близина на резиденцијата на премиерот.

„Очигледно е дека од информацијата дека Јанева се упатила кон резиденцијата на претседателот, произлегува дека Јанева всушност се сретнала со Зоран Заев. Бараме разговорите од овие две средби да бидат објавени. Обвинителката Русковска треба да одговори на прашањето каква била природата на нивната средба, на која присуствувал и адвокатот на Заеви, Ване Андреев. Содржината на разговорите треба да биде објавена. Ако е точно тоа дека Заев сам го пријавил случајот „Рекет“, тогаш што барала Јанева на средба со Заев и Кичеец на средба со Вице. Доказот 148 мора да содржи и тонски запис. Ги повикуваме надлежните да ги објават и тонските записи од овие средби. И обвинителството треба да ги повика овие лица да дадат исказ за овие средби.

Она што го зборуваме одамна, полека се отвора - ова е само врвот од ледениот брег, јасно е дека целата оваа оперција за рекетирање е координирана акција од врвот на власта, дека биле рекетирани повеќе бизнисмени и дека биле собрани многу повеќе пари од она што се знае“, рече Николовски. 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе