ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Зоран и Вице Заев дa кажат што разговарале со осомничените во „Рекет“

Нема друга европска држава во која премиер се гледа со главни осомничени во најголем корупциски скандал во државата. Во ниту една друга европска држава братот на премиерот не остварува координација со главни осомничени во најголемиот корупциски скандал во државата, изјави денеска Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ по презентираните снимки на рочиште за случајот „Рекет“.

„Рекет веќе не е изолиран случај или системски пропуст како што сакаше власта да го објасни, туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот во овој случај Зоран Милевски Кичеец. Не објаснуваат што зборувал Зоран Заев на средбата со Катица Јанева во август. Откако веќе на целата македонска јавност ѝ беше познато за случајот Рекет и беа објавени во јавноста снимките во кои што се гледа торбата Луј Витон. И што правел во текот на месеците јуни и јули братот на премиерот Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец. Ако е вистина дека Зоран Заев го пријавил прв случајот како тогаш се гледал тој и неговиот брат со главните осомничени во случајот во кој што тој прв го пријавил?

Два дена има свесно одбегнување на одговори и креирање на лажни вести, проѕирни спинови само за да се одбегне одговорот на прашањето што барала Катица Јанева на средба со Зоран Заев? И што барал Зоран Милески Кичеец веќе осуден на средба со Вице Заев?

Имаме јасна потврда од МВР дека осомничените лица во случајот „Рекет“ биле под целосен надзор и тоа видео, фото и аудио. Па јасно се поставува прашањето зошто во судот не се презентираат тонските записи од разговорите кои што овие лица ги правеле?  

Го повикуваме тогашниот министер на МВР, Оливер Спасовски да каже што има во аудио материјалите? Што е тоа толку страшно што се крие во овие материјали и не се објавува во јавноста и во судницата?

На врвот на Рекет не се овие тројца кои сега ги гледаме во судскиот процес, тие се само извршителите. Очигледно е дека наредбодавците и нарачателите, мозокот на целата акција е врвот на СДСМ и семејството Заеви. По изборите во јавноста целосно ќе бидат презентирани материјалите од средбите на овие лица со браќата Заеви, и финално од посетата на овие лица на Владата на Република Македонија“, рече Николовски.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе