Реакција

Николоски: Заев да ги покаже фактурите за производите од хуманитарните пакети што ги дели

Дали може бизнисменот и политичар Зоран Заев да ги покаже платените фактури за производите содржани во хуманитарните пакети кои деновиве ги дели како помош од неговото семејство, а се работи всушност за класично купување на гласачи, напиша вечерва на својот фејсбук-профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во врска со вчерашната проверка на полицијата на магацините на компаниите на лидерот на СДСМ.   

Според него, денеска на цела македонска јавност ѝ е јасно дека Зоран Заев и неговото семејство делат поткуп.

„Во услови на најтешка здравствена и економска криза тие нечовечки се обидуваат за неколку прехранбени производи да купат луѓе, да го купат нивниот глас на следните избори затоа што само на тоа мислат. Само на избори! На ништо друго. Денес на цела Македонија ѝ се потврди тоа што Струмица долго време го знае дека Заев победуваше за градоначалник не на чесни, туку на наместени избори во кои тој масовно купуваше гласови. Тоа го видовме и од материјалите објавени во италијанскиот весник „Ла верита” каде тој, брат му и другите од семејството купуваат гласови. Тоа се спремаат да го направат и на следните избори и затоа денес паниката и нервозата им е огромна зашто знаат дека се живи фатени.

Додека изигрува добротвор, а за да демантира дека ова што го велам не е така, барам да одговори на следиве прашања, кои ги поставив уште на 7 април, ама до денес не даде одговор:

1. Колку вкупно т.н. помош има поделено со точни количини на сите продукти кои се поделени?

2. Дали може да покаже фактури дека тие производи се платени? Или истите се обезбедени со рекет од фирмите производители и дистрибутери?

3. Да докаже потекло на парите со кои се платени ако се платени?

4. По кој критериум се поделени производите, зашто на едни граѓани се делени, а на други не?

5. Дали донациите се пријавени?

Бонус прашање за денес – ако е сѐ во ред, зошто брат му Вице вчера урлал во полициска станица во Струмица и се заканувал од позиција на сила на полициските службеници?

Зоран Заев треба да знае дека на луѓето не им треба помош од неколку производи кои брзо ќе ги потрошат. Им треба работа и правда! Работа за сами да си заработат, а не да чекаат помош, правда за да не можат Заев и семејството да прават што сакаат по Македонија. На избори многу јасно цел народ, а особено овие угнетени и понижени луѓе на кои Заев им го уништува и достоинството покрај што ги покраде ќе бидат тивкото мнозинство што ќе го испрати во политичка пензија, а Македонија ќе ја однесе кон подобри денови“, напиша Николоски.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе