По новите предлози од Европа

Николоски: Македонија не смее да размислува за ниту еден друг проект освен за членство во ЕУ

За Македонија членството во ЕУ нема и не смее да има алтернатива. Изјави денеска Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на одбележувањето на Денот на Европа, кој се одржа под насловот „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор” во врска со предлогот на францускиот претседател за „европска политичка заедница“.

„Претседателот на Франција Емануел Макрон излезе досега со најјасен негов концепт за скицата на идниот европски модел. Како што гледаме, тој концепт од некои земји членки на ЕУ дури беше и поддржан, а вчера претседателот на Европскиот совет најави дека ќе свика еден собир на кој ќе се разговара за оваа идеја. Накратко кажано, скицата е многу едноставна, ЕУ на постојните членки, плус некоја нова земја доколку ги исполни економските правни и системски критериуми на ЕУ, а сите останати кои не сакаат да се дел од ЕУ, една мала група од веројатно Велика Британија, Швајцарија и Норвешка и оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство во ЕУ, секако тоа една далеку поголема група, тука се балканските земји и земјите од Истокот на ЕУ да бидат дел од т.н. европска политичка заедница. За наједноставно да ја опишеме таа нова европска политичка заедница и за јавноста и за медиумите, мислам дека се работи за една лабава форма на осојузување без цврста хиерархија, без извршна економска моќ, некоја напредна форма на Советот на Европа или ОБСЕ ако сакате. Во превод, далеку од европскиот сон кој го сонуваат генерации и генерации Македонци. Оттука, за мене збунува игнорантноста на македонската владејачка структура како и на општествената елита за овој предлог. Воопшто не се отвора дебатата, а дури одредени структури се огласија и мислат дека е добра идеја. Јас лично, мислам дека за Македонија, членството во ЕУ нема и не смее да има алтернатива“, рече Николоски.

Тој додаде дека не смееме да размислуваме на ниту еден друг проект освен на полноправно членство во ЕУ затоа што тоа граѓаните на Македонија со децении го заслужуваат.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе