Што велаат политичките партии?

Никој не размислува за предизборна коалиција, за постизборна сите ги поставија условите

Пред распишувањето надоговорените предвремени избори последниве десетина дена поголемите политички партии по одржаните собири ги соопштија нивните услови за предизбрно или постизборно коалицирање. Се разбира дека во овој период условите се многу ригорозни и принципиелно, кои вообичаено по изборните резултати разводнуваат.

Во саботата Али Ахмети, лидерот на ДУИ од четвртиот партиски конгрес порача дека за нив главните услови за коалицирање се почитување на Рамковниот договор, како и на договорите со Грција и со Бугарија. За него трите договори се веќе затворени прашања.

 „Нема ниту простор ниту време за да гледаме назад. Ова се затворени прашања и обезбедуваат една посигурна иднина на Република Северна Македонија. Секое настојување за ставање раце на овие три елементи ќе биде соочено со отпор и нас нема да нѐ има за партнери, бидејќи се доведува во прашање иднината на нашите граѓани и идните генерации“, вели Ахмети.

Тој додаде дека ДУИ е во комуникација и соработува со сите политички партии, разлики имало, има и сега, но рече, разликите не смеат да ги стават под прашање интересите на општеството и државата.

„На 12 април ќе го имаме првиот предизвик. Сигурен сум дека како што сме запишале за 18 години – 16 победи, ќе следи нова, на 12 април. Како субјект, движење кое знаеше етнички и политички да балансира во овие простори, така на 12 април нема да победи ДУИ, туку ќе победи државата, ќе победат граѓаните на РСМ затоа што сме знаеле да менаџираме да балансираме, да се соочиме со големи потешкотии и со успех да ги надмине“, порача Ахмети, кој повторно беше избран за претседател на ДУИ.

Христијан Мицкоски, претсдедателот на ВМРО-ДПМНЕ вчера во интертвју за радио Слободна Европа, во врска со можноста за коалицирање со ДУИ, посочи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, имаат принципиелен став дека ќе коалицираат со секоја политичка партија која ќе ја прифати нејзината платформа, односно политичка програма.

„Ќе седнеме, ќе разговараме, ќе преговараме и зошто да не и ќе коалицираме. Немаме преференци кон ниту една, имаме релации со сите политички партии кои се претставници на Албанците, имаме со политичките партии кои не се претставници на Албанците, туку на другите етникуми... На масата ќе биде нашата програма и доколку најдеме точка на поврзување, зошто да не, ќе коалицираме“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека прашањето за коалицирање ќе се отвори по изборите и дека засега не размислуваат за предизборна коалиција. Министерот за транспорт и врски и член на владеачката СДСМ, Горан Сугарески, вчера изјави дека фокусот на социјалдемократите во моментот е на спроведување демократски избори на 12 април, а за коалицирањето ќе се одлучува по изборите.

 „Ние сме сконцентрирани сега на тоа на 12 април да се случат демократски избори на кои што убеден сум СДСМ ќе победи. Коалицирањето ќе се случува потоа“, изјави Сугарески.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе