Нема реконструкција на Влада, СДСМ по потврдната изјава на својот потпретседател

По изјавата на потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов дека ќе има мини реконструкција на Владата и потоа објавите на медиуми со претпоставки кои министри би биле заменети, СДСМ денеска демантира дека ќе има реконструкција на Владата.

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов прексиноќа во гостување на ТВ 24, на новинарско прашање дали по оставката на либералниот демократ Горан Милевски од министерска функција, ќе следува и мини - реконструкција на Владата, одговори:

„Некоја мини реконструкција по оставката на министерот за локална самоуправа ќе има. Е сега колку членови од Владата, или тоа ќе биде само Милевски, не знам. Ќе видиме“, рече Костадинов.

СДСМ денеска објави соопштение со кое демантира дека ќе има реконструкција на Владата. Во соопштението, во кое не се споменува изјавата на партискиот потпретседател, туку „одредени медиуми“, се вели:

„СДСМ ги демантира написите во одредени медиуми за наводна реконструкција на Владата.

Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата.

Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски кој се повлече од функцијата.

Наводите дека ќе се менуваат министри од редовите на СДСМ се свесни манипулации кои доаѓаат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја дефокусира јавноста од своите внатрепартиски проблеми, како и мега скандалот со тендерот од 136 милиони евра во Град Скопје.

Владата предводена од СДСМ останува фокусирана на менаџирање со економската и енергетската криза, како и креирање нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.“

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе