„Разговорите продолжуваат“

Нема нови моменти во однос на францускиот предлог за кревање на бугарското вето, вели Ковачевски

Во однос на францускиот предлог за кревање на бугарското вето за преговорите на Македонија со ЕУ нема нови моменти, а разговорите продолжуваат на ниво на експертски тимови на министерствата за надворешни работи на двете земји, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Според Ковачевски, Владата останува на ставот за францускиот предлог изнесен на прес-конференцијата во Брисел минатата недела, како и на тоа дека штом се дојде до прифатлив предлог од двете страни тој ќе биде процесуиран во институциите на државава.

„Јас ќе ве упатам на мојата прес-конференција што ја имав во Брисел и ставовите кои таму ги кажав се истите. Во моментов нема ништо ново во однос на тоа што беше разговарано до денот кога беше прес-конференцијата. Како што ви кажував и досега, процесот со Бугарија се води од страна на Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи со своите експертски тимови разговара со МНР во Бугарија. Во моментот кога ќе има прифатлив предлог од двете страни, тогаш тој предлог ќе може да биде ставен во институциите во Северна Македонија. Во овој момент таков предлог нема“,  изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на работилница за подготовка на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост.

Тој на прес-конференција во Брисел по самитот ЕУ-Западен Балкан го отфрли предлогот на француското претседателство како неприфатлив во сегашната форма, со можност разговорите да продолжат доколку се направат прифатливи измени.

Ковачевски додаде дека државата има три клучни барања за преговарачката рамка, а тие се целосно признавање на македонскиот јазик, историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и преговорите да почнат пред внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. Тој смета дека се потребни и гаранции оти нема да има нови услови од Бугарија и од Европската Унија.

Францускиот предлог, пак, беше изгласан во бугарското Народното собрание што беше поздравено од францускиот претседател Емануел Макрон.

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе