Нема да дозволиме насилни антиевропски и проруски протести, реагира ДУИ

ДУИ повикува насилните и, како што ги оценува, деструктивни антиевропски и проруски протести да запрат, а ВМРО-ДПМНЕ и Левица да седнат и да разговараат за „добронамерните процеси“, а не да промовираат насилство, лажни вести и да не измислуваат црни сценарија.

Синоќешните слики на насилство, со напади врз институциите и органите на редот, јасно покажуваат дека организаторите и поддржувачите на насилните протести продолжуваат да негуваат деструктивни антиевропски цели, служејќи на тој начин на проруските политики за дестабилизација на земјата и регионот, се вели во соопштението на  ДУИ и се нагласува дека партијата најостро ги осудува обидите за дестабилизација на државата, поделеноста меѓу граѓаните со цел создавање на нови тензии. ДУИ бара итно од сите политички чинители, граѓаните и целото граѓанско општество да престанат и итно да се осудат насилните антиевропски протести.

„Токму во периодот кога државата го заокружува патот за да ја постигне тридецениската цел, ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да седнат и да разговараат за овие добронамерни процеси, а не да организираат насилни протести, да шират лажни вести и да размислуваат црни сценарија за да ги исплашат граѓаните.

После долги години чекање, конечно ја имаме можноста што ја заслуживме да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија и пред нас го имаме предлогот кој е во согласност со Резолуцијата на нашето Собрание и го гарантира идентитетот, јазикот и културата на нашите сограѓани македонци.

Демократската унија за интеграција, заедно со граѓаните, уште еднаш уверува дека нема да дозволи сили со проруско убедување да користат насилство врз институциите и да ја загрозат иднината на државата“, се вели во соопштението и се додава дека за земјава како членка на НАТО друг пат освен европскиот, нема.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе