По одлуката на Цариградската патријаршија

Некои слават, но проблемите ќе мора да се решаваат со мајката црква - СПЦ , коментира пратеникот Стоиљковиќ

Дефинитивно е отфрлена можноста Црвката во Македонија да го сочува сегашното име, вели пратеникот Иван Стоиљковиќ во разговор за белградски „Новости“. Според него, непризнаената МПЦ е упатена административните проблеми да ги решава со „мајката црква“ - со Српската патријаршија. Стоиљковиќ потсетува дека и натаму не е регистрирана Православната охридска архиепископија и вели дека се кршат правата на српскиот народ во Македонија. 

Политичкиот претставник на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ вели дека одлуката на патријархот Вартоломеј предивикала двојни реакции, пишува „Новости“.

„Едни слават бидејќи во одлуката на цариградскиот синод гледаат клучен чекор кон добивање на автокефалност. Од друга страна, со внимателно читање на  одлуката на Фанарот јасно произлегува дека можноста црквата во Македонија да го сочува сегашното име е дефинитивно отфрлена. Многумина очекуваа томос за црковна незавиност, но тоа исто така го нема. Наместо тоа, патријархот Вартоломеј ја упатува сегашната непризнаена МПЦ административните проблеми да ги решава со 'мајката црква' - со Српската патријаршија“, вели Стоиљковиќ.

„Новости“ пишуваат дека Стоиљковиќ потсетува дека и натаму останува отворено прашањето на регистрацијата на Православната охридска архиепископија која дејствува во канонско единство во СПЦ и дека и натаму постои кршење на правата на српскиот народ во Северна Македонија.

„Toа e важно прашање, но со години нема ниту мал напредок во решавање на овој проблем“, исктакна пратеникот Иван Стоиљковиќ.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе