Нека биде јасно, ништо нема да правиме под притисок во однос на Македонија, вели Петков

Тоа што го правиме е да видиме дали бугарските желби и потреби за поддршка на Бугарите во Република Северна Македонија можат да се гарантираат преку европскиот процес, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, според Петков, прашањето е друго, дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да ги притиска за што било.

На прашањето дали Бугарија е под меѓународен притисок да го подигне ветото за Македонија, Петков вели дека ништо нема да прават под притисок.

„Не станува збор за политички притисок. Нема да правиме ништо под притисок. Тоа мора да му биде апсолутно јасно на целиот бугарски народ. Тоа што го правиме е да видиме дали бугарските желби и потреби за поддршка на Бугарите во РСМ можат да се гарантираат преку европскиот процес. Ќе оставам на МНР, затоа што тие преговараат токму сега. Прашањето е друго, дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да нè притиска за што било“, изјавил Петков.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе