Нехумано, се минира инклузијата на деца со попреченост, алармира Хелсиншки комитетст

„Вклучувањето на децата со попреченост во образовниот систем е процес кој се запоставува, нанесувајќи огромна штета на децата и нивните родители. Иако средното образование е задолжително, и оваа учебна година започнува без образовни асистенти во средните училишта. Соодветните законски измени ниту се донесени, ниту се знае кога би се усвоиле и стапиле на сила“, алармира Хелсиншкиот комитет за човекови права и додава дека ниту во Министерството за образование не знаат број на деца за кои се потребни образовани асистенти.

„Недостигот на политичка волја за справување со овој проблем се согледува и во тоа што Министерството за образование не знае ни точен број на средношколци кои би имале потреба од образовни асистенти. Тоа укажува дека инклузијата на децата со попреченост, како најранлива група во општеството, не е меѓу приоритетите на надлежните институции“, велат од Комитетот.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повикува претставниците на извршната и законодавната власт да ги донесат потребните законски измени, со кои ќе се регулира воведувањето ваква асистенција во средните училишта.

„Со оглед на тоа што учебната година е веќе започната, апелираме да се најде итно решение со кое ќе им се овозможат асистенти на сите средношколци со попреченост до донесувањето на законот. Иако неколку општини објавиле јавни повици за ангажирање на образовни асистенти преку програма за општокорисна работа, тоа ни приближно не ги задоволува потребите, а дополнително ги става во нееднаква положба децата од различни општини“, нагласува Комитетот.

Меѓународните документи кои се ратификувани и од нашата држава се доволна правна основа за МОН да донесе итно решение со кое децата со попреченост ќе ја добијат неопходната асистенција за да бидат вклучени во наставниот процес, соопшти Хелсиншкиот комитет и заклучува дека политичките калкулации, блокадите во носењето закони и неодговорноста која се граничи со нехуманост не смеат и понатаму да ја минираат инклузијата на децата во општеството.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе