РСБСП

Не зборувај на мобилен додека возиш, секој повик може да почека!

Многумина не можат да го замислат своето секојдневие без употреба на мобилен телефон, најчесто заради олеснета комуникација, функционалност, поефективно извршување на работните обврски и слично. И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон. Но, развојот на технологијата и зголемувањето на нејзината достапност за употреба на секое место и во секоја ситуација, не значи дека имате право да го правите тоа секогаш и секаде. Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) потсетува дека во многу ситуации користењето на мобилен телефон е ризично и опасно, особено кога возите, но и кога пешачите.

Во сообраќајот, мобилниот телефон како причина за одвлечено внимание на возачот се јавува во 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години се очекува оваа состојба дополнително да се влошува. Одвлеченото внимание е причина за голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многу несреќни животни приказни испишани на патиштата и на улиците, за тажни човечки судбини. Оттука и прашањето: Вреди ли?

Статистиката на светско ниво покажува дека 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП во Република Северна Македонија 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат. Универзитетска студија во САД, проценува дека употребата на мобилни телефони за време на возењето резултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозни повреди годишно, а пак истражувањата на СЗО покажуваат дека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за 4 до 9 пати.

ПСБСП прашува колку важен разговор не може да „почека" да застанете на првото безбедно место на кое може да се запре возилото и да разговарате?, дали бегајќи од метежот, гужвата и опкружувањето со секакви луѓе, свесно ги оставате телефонските разговори за моментите кога ќе бидете сами зад воланот?, дали сте свесни за ризикот и опасноста на која ги изложувате вашиот и животите на вашите најблиски и на другите учесници во сообраќајот, со тоа што не можете да се воздржите од користење на мобилниот телефон кога сте зад воланот?, дали знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 km/h поминува 100 метри?

Користењето на мобилен телефон додека возите е опасно и ризично. 

„Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Не постои разговор на мобилниот телефон чија важност може да се спореди со пристигнувањето на посакуваната дестинација безбедно и со добро здравје“, велат од РСБСП. 

РСБСП апелира: Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Животот, здравјето и безбедноста нека ви бидат секогаш на прво место.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе