Не разговараме за статусот на МПЦ-ОА, реагира македонскиот тим од Историската комисија

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања реагира во однос на информирањето на медиумите за последниот состанок со бугарските колеги и потенцира дека не се раговара за статусот на Охридска архиеписокопија (ОА) , туку дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на ОА во учебниците по историја за основно образование во двете држави.

Фото: Архива

Од Комисијата нагласуваат дека предмет не се црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла.

Комисијата, со разочараност истакнува дека смета оти одделни медиуми прават конструкции од содржината на разговорите на последната средба.

„Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество“, се вели во писмената реакција од македонскиот тим на мешовитата македонско – бугарска историска комисија.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе