Спорно за ова лице именувано како директор, појасни Владимир Георгиев, член на ДКСК на денешната прес-конференција, е дека истовремено е и член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.
Тој истакна дека оваа оценка е донесена согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и затоа ДКСК на овој начин превентивно делува и и укажува на Владата, а можеби и на денешната седница, како што рече, да го разреши ова лице од член на УО доколку смета дека тоа лице треба да ја врши должност в.д. директор на Агенцијата за филм.