„СТОП ЗА ЦЕНЗУРАТА!“

„Не ја даваме вистината!“ Утре протест пред Собранието поради предлогот да се забранат бомбите

Утре во 18 часот пред Собранието на Република Македонија граѓанското движење „АЈДЕ!“ најави протест поради најавениот предлог-закон за забрана на објавување на т.н. опозициски бомби со кои се инкриминира власта.

„Стоп за цензурата! Не ги даваме бомбите! Не ја даваме вистината! Стоп за фашистички закони! нема да ви помине!“, напиша движењето во повикот на Фејсбук.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предложија закон за бришење на сите досега објавени „бомби“ на СДСМ, односно за прислушуваните материјали, а казната за секој што не би го почитувал законот да биде четири години затвор.

Во предложениете законски одредби индиректно се предлага порталите да ги тргнат од своите веб-страници сите досега објавени текстови поврзани со материјалите од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, што се однесува и на досега необјавените прислушувани материјали што треба да бидат предадени на специјалниот јавен обвинител.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе