Француската државна секретарка во Македонија

Не е лесно, ама патот кон ЕУ треба до крај да се изоди, порача Бун

Француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски рече дека Франција придонесе да се деблокира евроинтеграцискиот пат на Македонија и оцени дека францускиот договор придонесе за урамнотежено решение кое ги почитува црвените линии на Македонија и Бугарија. Патот до членство во ЕУ нема да биде лесен, но треба до крај да се изоди до крај и да се пристигне до целта во 2030 година, нагласи Бун. Таа најави ангажман на Франција за поинтензивно изучување на францускиот јазик во Македонија.

Северна Македонија го има своето место во ЕУ и европскиот пат треба да го изоди до крај. Земјата постигна голем напредок. Напорите треба да продолжат. Тоа не е секогаш лесно, но тие напори се важни за да може да се зајакне и правната држава, рече Бун.

На заедничката прес-конференција по средбата, Бун упати три пораки. Првата, како што рече, е за пријателство меѓу двете земји, втората е порака на охрабрување во однос на целосното евроинтегрирање, а третата е порака за заеднички постојан ангажман – продлабочување дијалогот на сите теми особено во рамки на европската политичка заедница, како и зајакнување на економските односи.

„Патот треба да се изоди до крај, треба да продолжат напорите. Знам дека не е секогаш лесно, но тие напори се важни за да може да се зајакне и правната држава“, потенцира Бун.

Фронтекс е потврда, рече Бун, дека македонскиот јазик ќе стане официјален во ЕУ кога земјава ќе ѝ се приклучи на Унијата.

„Имам да упатам три пораки. Правта е пораката на пријателство меѓу двете земји. Ние сакаме да свртиме нова страна со Северна Македонија и да ги продлабочиме севкупните односи. Целта на мојата посета овде е да покажам доследност и посветеност на вашата земја на патот кон ЕУ. Заедно работевме на отворање на европските перспективи зашто Северна Македонија го заслужува тоа и го има своето место во рамки на Унијата. Сакаме да останеме заедно со вас во наредните етапи до крајната цел. Вашата земја го има заслуженото место во ЕУ. Втората порака е порака на охрабрување – направивте извонредни напредоци и тоа е импресивно, за соживотот меѓу различните заедници, нормализирање на односите со соседите, но и за евроатлантската интерација на земјата. Праведно е ако се каже дека навистина направивте многу за пренесување на европското законодавство во домашното. Тетата порака е за заеднички постојан ангажман“, подвлече Бун.

Таа додаде дека двете земји ќе го продлабочуваатг дијалогот на сите теми особено во рамки на европската политичка заедница, како и економските односина 

„Ќе работиме и на зајакнување на изчувувањето на францускиот јазик во Северна Македонија“, нагласи Бун.

На новинарски прашања таа рече дека Македонија е столб на стабилноста во регионот, во целиот Западен Балкан.

„Затоа е многу важно да сметаме на нејзиниот капацитет за интегрирање на сите различни заедници, нешто од што треба сите да учиме“, рече Бун.

На прашањето дали Франција може да придонесе за спречување на понатамошна блокада од Бугарија, Бун рече дека Франција е таа која придонесе за деблокирање на состојбата и да се помогне земјава да има европска перспектива.

„Ќе продолжиме да ја придружуваме во овој амбициозен проект со крајната цел до 2030 година. Вакви дебати имаше и во Бугарија и навистина беше постигнат урамнотежен договор, почитувајќи ги црвените линии од двете страни и важно е да се истакне тоа“, изјави Бун, на денешната прес-конференција со премиерот  Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа каде ја гледа Македонија во третиот светски поредок, Ковачевски рече земјава ја гледа како полноправна членка на Европската Унија, која ќе изгради економски, политички, демократски и социјален систем, еднаков со сите други земји членки на ЕУ.

„Конечно македонските граѓани, македонската иднина и македонските деца да можат да живеат во држава членка на ЕУ, ама да живеат тука во својата држава, а не да живеат во туѓина, во некоја друга држава членка на ЕУ. Мојата визија и визијата на Владата е многу јасна. Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ со заштитен македонски јазик, заштитен идентитет и со заштитена историја и култура. Тоа е држава што почива и на борбата на борците од 1903 година и држава која што почува на Народноослободителната војна од 1941 година и држава која што почува на слободното и референдумско изјаснување на граѓаните на Македонија во 1991 година“, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека и сега Македонија е на вистинската страна затоа што ја поддржува Украина како земја која е нападната затоа што избрала свој пат и свој демократски развој.

Ковачевски информира дека во врска со ракетата што падна во погранично место во Полска заседава НАТО во Брисел и дека таму е присутен македонскиот амбасадор.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе