Локални избори

Не би можел да предводам Влада во која ние се залагаме за модерни булевари, а други за барок, вели Заев

Парламентарното мнозинство е потврдено, верувам дека набрзо ќе има и повеќе пратеници. Но, јас не би можел да бидам локомотива што ќе влече напред со спротивставени локални власти. Ова го изјави вечерва премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во гостување на Сител, одговарајќи на прашање дали неговата забелешка дека „Владата може да оди напред само ако Скопје не влече назад" значи повик за мобилизација во вторит изборен круг или најава за оставка ако владејачката партија го изгуби главниот град. Заев рече дека повикувал на мобилизација, затоа што, како што оцени, секое седење дома значи поддршка за враќање на режимот.

„Повикувам на мобилизација. Јас сум храбар по природа. Се борев против режимот, се борев на дипломатски маси, се борев за членство во НАТО, а сега и за почеток на преговори со ЕУ. Но, сето тоа ќе стане невозможно ако имаме општини кои ќе шират конзервативизам и национализам. Скопје како град е влада во влада. Да имате политики кои ќе ве скараат со соседите, а вие да се борите за интеграција во ЕУ или да се залагате за модерни булевари, за модернистички решенија, а некој друг да се залага за барок... Јас не би можел да предводам таква Влада", рече Заев.

На прашање дали тоа значи дека, ако се изгуби битката за Скопје и за дел од скопските општини што одат во вториот круг, би можело некој друг од СДСМ да го преземе раководењето со Владата, Заев рече дека, секако, СДСМ и натаму ќе ја води Владата, која може да добие и зајакната поддршка во парламентот.

Рече и дека не е разочаран што не добил отворена поддршка од ДОМ и од ЛДП, како коалициски партнери во центарланта власт, за кандидатите на СДСМ за градоначалници кои одат во вториот круг.

„Да повикаа да се гласа за други кандидати, секако, дека ќе бев разочаран. Но, нас не поврзуваат многу работи. Меѓу СДСМ и ЛДП и ДОМ има повеќе разлики, ама генералните вредности, како што се слободата, демократијата, реформи во правосудство, менаџмент на системот во пандемија... ни се заеднички", рече Заев.Анализирајќи го исходот од првиот круг, Заев рече дека голем дел од гласачите останале дома од различни причини.

„Да ги погледнеме само скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе гласови, некаде имаат и помалку, но ние имаме повеќекратно помалку. Ги адресиравме причините за резултатот од првиот круг и затоа повикуваме на мобилизација и на излезност. Седењето дома е поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и за враќање на режимот. По првиот изборен круг, граѓанскиот сегмент е сериозно вграден во советите, но имаме и голем број неважечки ливчиња. Сега очекувам видлива предност во Скопје и во повеќето општини во внатрешноста", рече Заев. 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе