Наум Пановски: Македонија или тие

Проблемот и замката или јамката во која насилно се втурунува Македонија и заради што со своите симплицифирани црно бели препукувања и судрувања се јадат меѓусебе Македонците не е партиско идеололшки или пак религиски. Проблемот е Егзистенцијален. Да се биде утре или да се исчезне од картата на светот, вели во својот апел македонскиот режисер Наум Пановски. 

„Македонскиот јазик, македонскиот национален индентиет, македонската авотохтона историја, не се сопственост ниту на ДПМНЕ ниту на СДСМ, а уште  помалку на ДУИ и другите албански партии. Тие ниту можат, ниту смеат да одлучуваат за тие егзистенцијални работи. За нив не се разговара или преговара. Тоа е она Сартр-евоско J'existe!
Добрите политичари и дипломати, а сегашниве кои се на власт во Македонија и кои во никој случај тоа не се, а кои дрско ја растураат и рушат Македонија по сите основи, и тоа таа што македонските партизаните во борба со бугарскиот фашистички окупатор им ја создадоа и им ја дадоа на тацна, треба да знаат и да видат што се тркала зад брдото и да ги предвидат и спречат лошите последици од штетните договори на време. Така се брани државата. Така се гради стабилна, демократска држава, рамноправна со сите, независна држава која може да има просперитетна иднина. На Македонија ѝ е неопходна нова парадигма. Моментот бара резолутни одлуки од Македонците.  
Македонија или тие“, напиша Пановски на својот фејсбук-профил.
 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе