Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Нарко - бандите од Арачиново ќе бидат уапсени кога ќе дојдеме на власт, вели Мицкоски

Уште од првиот ден по промената на власта и преземањето на раководењето на институциите, вклучително и на МВР, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, овие лица и нарко банди од Арачиново, кои сите ги знааат, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како коментар на вчерашниот демант од МВР според кој во Арачиново немало случај на закани кон полицијата од страна на вооружени лица. Мицкоски повтори дека во партијата ги знаат тие „локални шерифи“.

„Точно знаеме кои се криминалците од Арачиниво кои пред неколку дена нападнаа и избркаа полицајци кои си ги извршуваа работните активности и ќе оставиме на институциите да си ја завршат својата работа, а првиот ден кога ние ќе ги превземеме институциите ќе видите точно за кои луѓе станува збор и тие луѓе ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Еве, јас ветувам, држете ме за збор. Точно знаеме кои се луѓето, кои возила ги возат, како изгледаат, со што се занимаваат, каде се движат и што прават. Првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе институциите и ќе го превземе Министерството за внатрешни работи, еве ви ветувам дека тие луѓе, лично, пред вас ќе бидат изведени и пред лицето на правдата", истакна Мицкоски.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе