Бориславова во кусата изјава нагласи и дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија и Албанија.
Коментирајќи ја најавата на поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница, Бориславова изјави дека ГЕРБ може да го поддржи предлогот во „пленарната сала на Народното собрание на Бугарија“.