Техничка влада

Наќе Чулев официјално е предложен за министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ

Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање, e нов предлог за прв човек во МВР во техничката Влада.

 ВМРО-ДПМНЕ го предлага Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање како нов предлог за прв човек во МВР во техничката Влада.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека во текот на денов ќе биде соопштен новиот предлог на партијата за технички министер за внатрешни работи и оти за него телфонски ќе се консултира со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Од СДСМ се уште нема став во однос на новиот предлог за технички министер за внатрешни работи.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Наќе Чулев е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.

Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје. Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.

Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.

Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана.

Тој, како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, е ново лице во политиката, но не и во секторот на безбедносни прашања. Тој работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање. Чулев е редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.

Претходно во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.

Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година. Наќе Чулев има 47 години, роден е во Кавадарци.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи го предложи Драган Ковачки, армиски полковник, но тој не беше прифатлив за СДСМ

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе