Најмалку 30 повредени полицајци, приведени демонстранти… заврши протестот пред Собранието

Над 30 повредени полицајци и неколкумина приведени демонстранти е билансот од вечерашните протести пред Собранието. Демонстрантите се потиснати, а на местото останаа само камењата, плочки од патеката, скршени прозорци, оштетена ограда…

Според информациите од МВР, повредени се над 30 полицајци од кои еден има потрес на мозокот, кога група демонстранти почнаа да фрлаат со камења, шишиња, димни бомби, а имало и молотови коктели, откако претходно ја пробија заштитната ограда и дојдоа пред полицискиот коридон пред влеот на Собранието. 

Извикувајќи пароли, навреди и псовки кон политичарите, ги предизвикуваа и полицајците, по што полицијата ги потисна зад пробиената заштитна ограда, а потоа и назад на улицата и низ паркот Жена борец, каде што беа и приведени неколкумина демонстранти. За нивниот број се уште нема потврда од МВР.  

На клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” примени биле тројца полесно повредени полицајци од протестите што вечерва се одржаа пред Собранието, но, како што изјавила за МИА директорката на болницата Нермин Шаќири, бидејќи не работат рендген апаратите, полициските службеници се препратени во Клиничкиот центар на снимање, но немале сериозни повреди.

Претходно, припадници на полицијата од терен изјавиле дека покрај тројца повредени припадници на МВР, оштетено е и полициско возило.

Протестот против францускиот предлог, денеска четврти по ред, почна пред зградата на Владата од каде што демонстрантите маршираа до Министерството за надворешни работи. Таму исто така фрлаа со камења и јајца по што продолжија до Собранието.   

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе