Мејлови од First deputy PM

На сајтот на македонскиот вицепремиер нема македонски јазик

Првиот вицепремиер на македонската влада и министер за политички систем Артан Груби воопшто нема проблем официјалната интернет-страница на македонското министерство што го раководи да е само на албански јазик. Очигледно со тоа и никој во Владата нема проблем.

Сите информации поврзани со активностите на Груби на оваа интернет-страница се објавуваат само на албански јазик. А целосното име на неговото министерство е - Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Уште еден мал детаљ од комуникацијата на кабинетот на Артан Груби. Официјалните известувања за Министерството за политички систем медиумите ги добиваат од мејл-адреса – First Deputy PM, или, во превод, „прв заменик премиер“. Инаку неговата официјална титула е заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

На интернет-страницата на Министерството за политички систем на македонски јазик е само логото од Министерството.

А.Д.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе