На отворањето на македонскиот клуб во Благоевград бугарското ВМРО ќе организира протест, а навивачите на „Пирин“ ќе прославуваат

Неколку дена пред вчерашната изјава на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи дека сака прво да провери кој стои зад основањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, македонската организација ОМО Илинден Пирин на својата фејсбук страница ги објави деталите. За в недела кога е планирано отворањето на клубот веќе се најавени протести.

На 30 октомври, в недела во 12 часот во Благоевград ќе се отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Уште неотворен клубот веќе предизвика сериозни бранувања и во Македонија и во Бугарија. Во Македонија власта нема намера да присуствува на отворањето за разлика од опозцијата, а во Бугарија ова веќе се квалификува како отворена провокација. Написот на клубот веќе е оштетен со бришење на буквата М од „Македонски културен клуб“.  

Забранетата македонска партија во Бугарија ОМО Илинден Пририн пред неколку дена соопшти дека целта на клубот е да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, да ги зајакне врските меѓу двете земји и меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.

Основач на клубот е Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, регистрирано во согласност со бугарскиот закон во Агенцијата за регистрација на 30 август 2019 година.  

Клубот е основан со финансиска помош на Македонците Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто, Канада и Македонско меѓународно движење за човекови права во Канада.

Настанот е дозволен од градоначалникот на општина Благоевград, а претходно Советот на градот ја забрани регистрацијата на овој клуб.

ОМО Илинден Пирин соопшти дека за настанот биле поканети и премиерите на Бугарија и на Македонија, амбасадори и градоначалникот на Благоевград, медиумите од двете страни на границата, пријатели и гости од земјава и странство.

ВМРО во Бугарија најави дека в недела ќе организира протест во Благоевград, а воедно се очекува навивачите на фудбалскиот тим „Пирин" да прослават 100 години од неговото формирање. Полицијата во Благоевград презема мерки за да спречи ескалација на овие настани, најави полицискиот комесар во градот Димитар Ичев.

„Сѐ додека прво Бугарија не ги признае Македонците како малцинство и не ги внесе во бугарскиот Устав, ниту еден македонски политичар нема право да гласа за промена на македонскиот Устав и за внес на бугарското малцинство во тој устав.

Секој македонски политичар кој ги става надворешните интереси (на Бугарија и на ЕУ) пред македонските интереси, и кој работи против македонските национални интереси, треба  да одговора и да биде изведен пред суд како најголем национален предавник.

Македонците повеќе не веруваат на лажни приказни за некакви гаранции од ЕУ. ЕУ многу пати досега докажа дека и се битни само бугарските и грчките интереси, и со децении молчи и го одобрува негирањето и газењето на македонскиот идентитет и во Бугарија, и во Грција и во Македонија.

Македонските политичари се избрани од македонскиот народ и на нив најбитни и на прво место мора да им бидат македонските национални интереси, а не интересите на Бугарија, Грција и ЕУ“, соопшти ОМО Илинден Пирин.

Изминатата недела и македонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски изјавија дека нема да присуствуваат на свеченоста во Благоевград.

Партиски делегации на чело со лидерите на партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев ќе присуствуваат в недела во Благоевград на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

А.Д.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе