„Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти. Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации“ соопштуваат од Владата.
Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош.
Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.