На 83 години почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ

Ѓорѓе Марјановиќ, истакнат интелектуалец, професор по кривично право на Правниот факултет во Скопје и долгогодишен претседател на партијата Лига за демократија почина денеска на 83 години.

Ѓорѓе Марјановиќ е роден во Стара Моравица, Србија, на 6 мај 1939 година.

Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: “Правните последици на осудата”.

Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата “Правната положба на осуденикот по издржаната казна”. Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001).

За време на комунизмот професионално се ангажирал за слобода на уверувањето, совеста, мислата и нејзиното јавно изразување, покренувајќи го прашањето за укинување на некои тогаш мошне проблематични инкриминации: на XXI советување на Југословенското здружение за кривично право и криминологија (Струга, 24-25 октомври 1983) во уводниот реферат побарал укинување на фамозниот "деликт на мислење", содржан во чл. 133 КЗ СФРЈ, за што бил изложен на остри критики од страна на комунистичкиот естаблишмент и партиски казнет, по што самиот истапил од Сојузот на комунистите на Југославија; се залагал за посебен третман на политичките затвореници во пенитенцијарните установи на СФРЈ; се залагал за слобода на совеста во врска со инкриминацијата-Одбивање прием и употреба на оружјето (чл. 202 КЗ СФРЈ) од страна на припадниците на некои верски заедници.

Марјановиќ е член на Форумот за човекови права на Македонија од неговото основање.

По воведувањето на повеќепартискиот систем ја основа и е избран за претседател на првата опозициска партија во Македонија – Лига за демократија (од 21 ноември 1989 година, кога ја напишал нејзината политичка платформа). На чело на партијата е до 2006 година, кога по парламентарните избори, се повлекува од функцијата претседател на Лигата за демократија.

Познат е по своите колумни во „Дневник" (од кои е издадена и книга), а по локалните избори 2005 година е советник во Советот на град Скопје.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе