ДИК за локалните избори

Во вториот круг на 31 октомври ќе се гласа во вкупно 44 општини

Во вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини. Во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се повтори гласањето, бидејќи не е исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Државната изборна комисија во рок од 15 дена ќе ја извести Владата, за таа потоа да го извести Собранието, кое треба да распише нови избори за овие две општини.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, како дел од известувањето за конечност на резултати од гласањето за избори на членови на совет на општините на град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје одржани на 17 октомври овој месец.

На локалните избори што се одржаа на 17 октомври 2021, градоначалници беа избрани во вкупно 32 општини, а конечните резултати за советите во Општините и Градот Скопје, од ДИК најавија дека ќе ги објават во текот на денот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Даштевски посочи дека очекува да се надминат проблемите со апартите за отпечаток од прст, што ги имаше во првиот круг.

„Тоа што е до квалитетот не можеме да гарантираме. Во смисла што имаме и друга постапка, замена за тоа во избирачкиот список каде што не може да се утврди квалитетот. Меѓутоа, уште не сме се договориле за акцискиот план, како тоа ќе го правиме во понеделеник, како да го организираме тоа. Обуките почнуваат од понеделник и ќе биде неспоредливо поефикасно од првиот круг“, посочи тој.

Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ, а правото на глас во своите домови ќе можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од изборите.

Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.

Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе