МВР најави засилени сообраќајни контроли и казни за непочитување на правилата и прописите

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски најави дека во урбаните средини ќе има засилено присуство на сообраќајната полиција и „пајак“ возилата. Тој информираше дека МВР од вчера почна со спроведување засилени акциски контроли за санкционирање на непочитување на сообраќајните правила и прописи во Скопје, но и на територијата на целата држава.

„На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 514 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30, за пречекорување на дозволената брзина на движење 87 прекршоци, за нерегистрирани возила 18, санкционирани се 36 мотоциклисти, одземени се четири мотори, а изречени се и 169 санкции за неносење заштитна маска“, информираше Ангеловски.

Тој рече дека се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, особено оние кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето со возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и слично.

„Во урбаните средини заради обезбедување поголема проточност на сообраќајот, ќе има засилено присуство на сообраќајната полиција и ‘пајак‘ возилата. Исто така, најригорозно ќе бидат санкционирани возачите на мотори кои возат спротивно на приписите и ги вознемируваат граѓаните во доцните вечерни часови“, изјави Ангеловски.

Исто така, тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не за да го избегнат плаќањето на казните, туку пред сѐ за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.  

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе