ЦРКОВЕН СПОР

МПЦ не реши ништо за Вранишковски, денеска заседава саборот на СПЦ и Апелацискиот суд

Синодот на МПЦ не донесе никаков заклучок во однос на расчинетиот владика Јован Вранишковски. Денеска во Белград ќе се одржи Светиот архиерејски сабор на СПЦ од кој се очекува одговорот на писмото на поглаварот на МПЦ во кое се бара обновување на прекинатите преговори.

Јован Вранишковски Претходно, преку поединечни изјави, СПЦ соопшти дека единствениот услов за продолжување на 12 години замрзнатите разговори меѓу Македонската православна црква – охридска архиепископија и Српската православна црква е ослободувањето на Вранишковски. Сепак, МПЦ ја испрати пораката дека на потег е Српската православна црква за решавање на отвореното црковно прашање.

Поранешниот владика на МПЦ, Јован Вранишковски издржува казна затвор за финансиска проневера. Денеска заседава и Апелацискиот суд по првостепената пресуда. Од црквата на Јован Вранишковски, ПОА велат дека нивниот архиепископ не поднел барање за помилување. Вранишковски е во затворот во Идризово.

Српскиот патријарх Иринеј

За српскиот патријарх Иринеј нема дилеми дека во Македонија се спроведувал „државен прогон врз верска основа против архиепископот охридски г.г. Јован и Православната охридска архиепископија“.

Синодот на МПЦ-ОА минатиот месец одлучи да испрати писма до патријарсите, српскиот Иринеј, рускиот Кирил и вселенскиот Вартоломеј за да се поместат работите од мртва точка во однос на статусот на МПЦ-ОА до Вселенскиот црковен собор, кој треба да се одржи во 2016 година.

Во меѓувреме, двајца македонски владици, Тимотеј и Пимен, изјавија дека немаат ништо против тоа Вранишковски да биде помилуван. Неофицијално се дознава дека дури и мнозинството во САС на МПЦ-ОА било за помилување на Вранишковски. Но, тоа не го мислеле и архиепископот Стефан и владиците Петар и Агатангел.

Во 2002 години МПЦ и СПЦ потпишаа договор, т.н. Нишки договор, кој подоцна македонската страна го прогласи за ништавен.

Проблемот со Вранишковски е неговата црква ПОА и неговото признавање како владика од страна на СПЦ. Во Македонија со Уставот е загарантирана слободата на верско изразување и здружување. Сепак, владиците на ПОА веќе биле поставени како владици на истите епархии каде и МПЦ-ОА има свои епископи.

Вранишковски е уапсен во декември 2011 година. Осуден е за финансиски проневери додека бил владика повардарски во МПЦ-ОА.

Случајот Вранишковски е забележан и во последниот извештај за човекови права на Стејт департментот во делот за верските слободи во Македонија.

А.Д.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе