РЕАКЦИЈА

МОН: Јавните набавки за факултетите во УКИМ се транспарентни и по законските норми

Министерството за образование и наука (МОН) реагира на соопштението на ВМРО - НП по однос на постапката за избор на фирма изведувач на активностите за изградба на нови објекти за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое, како што велат од МОН, се изнесени ноторни невистини за наводна нетранспарентност и противзаконска елиминација на понудите од одредени понудувачи.

„Би сакале да информираме дека Комисиите за јавни набавки при Министерството за образование и наука работат согласно позитивните правни прописи и како неприфатливи ги оценуваат единствено понудите кои не се во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и барањата од тендерските документации. Во конкретната постапка за јавна набавка учествуваа вкупно 8 понудувачи за изградба на Факултет за физичко образование спорт и здравје (Дел 1) и вкупно 9 понудувачи за изградба на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (Дел 2). При евалуацијата на понудите комисијата постапувајќи согласно Законот за јавни набавки констатира дека за изградба на Факултет за физичко образование спорт и здравје доставени се 3 неприфатливи понуди, а за изградба на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство доставени се 5 неприфатливи понуди. Причините поради кои понудите се оценети како неприфатливи се некомплетност на техничко-финансиските понуди, а постапувајќи по член 140 став 7 од Законот за јавни набавки, комисијата не смее да ги евалуира неприфатливите понуди. Имено, во инструкциите за понудувачите кои се дел од тендерската документација која беше јавно објавена неколку пати е наведено дека една финансиска понуда ќе се квалификува кака прифатлива ако е комплетна, односно истата треба да е поднесена во законски рок и истата треба да ги исполнува сите критериуми и услови наведени во Тендерската документација и техничките спецификации.

Согласно Законот за јавни набавки спроведена е електронска аукција на која се поканети сите понудувачи кои доставија прифатливи и комплетни понуди. Врз основа на електронската аукција Министерството донесе одлука за избор на најповолниот понудувач согласно критериумот најниска цена.

Дополнително напоменуваме дека со објавување на јавната набавка беа испочитувани сите законски норми пропишани со Законот за јавни набавки и основните начела на кој се темели овој закон, а тоа се: конкуренција, еднаков третман и недескриминација, транспарентност и рационално и ефикасно искористување на средствата и воедно напоменуваме дека во ниеден момент од денот на објавување до денот за донесување на одлука за избор, Министерството не ги стави во нерамноправна положба, односно не создаде предност во корист на одреден економски оператор.

Оттаму, апсолутно се невистинити тврдењата дека Министерството добило понуда на сума која е пониска од избраната, а со истите услови. Комплетното досие од постапката е во Министерството за образование и наука и истото е достапно за сите релевантни органи.

Така што, повеќе од јасно е дека изнесените невистини покажуваат елементарно непознавање на Законот за јавни набавки и дека се работи за политички обид за дискредитација на еден од капиталните инфраструктурни проекти на Министерството за образование и наука, кој на многу сегашни и идни генерации академски граѓани ќе им обезбеди соодветни услови за реализација на наставата, додека наставно научниот и истражувачкиот кадар ќе добие соодветни услови за остварување на работните обврски“, стои во соопштението-реакција на МОН. 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе