МНР само констатираше дека бугарскиот конзул не смеел да биде присутен на увидот во клубот во Битола

Присуството на генералниот конзул на Република Бугарија во Македонија Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на културниот центар во Битола, немаше право да биде присутен, соопшти македонското Министерството за надворешни работи. Според МНР, согласно Коненцијата за конзуларни работи Иванов немал право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата.

МНР соопшти дека го следи и нотира ангажманот преземен од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола.

„Цврста заложба на Министерството е сите вакви и слични примери да се решаваат институционално, согласно позитивните законски прописи на Северна Макќе едонија, при што ги охрабруваме сите физички и правни лица  да ги искористат овие правни инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални или било кои примери на дискриминација.

Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во соопштението на МНР нема никаква најава дека ќе има и официјална нота до Софија или дека бугарскиот амбасадор во Македонија ќе биде повикан на разговор на шефот на македонската дипломатија.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на културниот центар „Иван Михајлов" во Битола, го доживеа како обид за влијание врз нејзината работа.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе