МНР од Софија повикува на билатералниот протокол усогласен меѓу министрите на Бугарија и Македонија

Бугарија бара да се потпише билатералниот протокол (составен од историски, образовни услови и идентитетски прашања), како што бил преговаран/ усогласен меѓу двете министерства за надворешни работи, објави денеска Министерството за надворешни работи на Бугарија.

 

Собранието донесе оддлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Северна Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи, напиша бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани.

„Бугарскиот парламент денеска донесе историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлог за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија“, напиша премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков на Фејсбук.

Според усвоената одлука, Парламентот и дава право на Владата во оставка на Петков да ги одобри преговарачката рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови. 

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе